К.К. МЗТ Скопје Аеродром

Фантастична вечер за МЗТ Скопје: Јуниорите во стилот на повозрасните го суредија Морнар!

2019 28 Nov

Вечер за паметење за МЗТ Скопје Аеродром, со оглед што по значајната победа на првиот тим на гостувањето кај Динамик (92-82), голем триумф остварија и јуниорите на нашиот клуб, кои по голема борба го совладаа Морнар од Бар (82-73) во првиот меч на полуфиналниот турнир на У19-шампионатот на АБА-лигата, кој се игра во Задар.

Сино-белите апсолутно заслужено триумфираа, иако за тоа им требаа дополнителни пет минути. Момците предводени од тренерот Горан Крстевски доминираа во најголемиот дел од средбата, имаа и плус 13 (59-46) на седум минути до крајот, но примија тројка на неколку секунди до крајот со која противникот изедначи на 66-66. Но, нашите таленти блеснаа во продолжението и не му дадоа шанса на противникот воопшто да помисли на победа.

Виктор Исајловски беше централната фигура во нашиот тим со 26 постигнати поени, а веднаш зад него беа Дарио Митевски со 17 односно Љубиша Димитровски со 15 поени.

Нашиот тим утре ги продолжува натпреварите во хрватскиот приморски град, кога ќе одигра две средби и тоа прво против домаќинот Задар (11.45 часот), а потоа и против Црвена звезда (20.15 часот). Нашите јуниори в сабота ќе ги одмерат силите со Цедевита Олимпија (11.45 часот), додека в недела ќе финишираме против Копер Приморска (11.45 часот).

Пласман на финалниот турнир ќе обезбедат двете првопласирани екипи на крајот на табелата.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Следете не и на

Top of Page