К.К. МЗТ Скопје Аеродром

Јуниорите на МЗТ Скопје Аеродром утре го почнуваат настапот во АБА-лигата

2019 27 Nov

Јуниорската екипана МЗТ Скопје Аеродром од утре до недела, во Задар, како единствен тим од АБА2 што доби покана за учество, ќе настапи на полуфиналниот турнир од АБА У19-лигата и тоа во исклучително силна група, заедно со Црвена звезда, Цедевита Олимпија, Копер Приморска, Морнар и тимот на домаќинот.

Двете најдобро пласирани од овој состав, заедно со првопласираните од групата што ќе се игра во Белград, а во која ќе се појават Партизан, Будуќност, Мега, Игокеа, Крка и Цибона, ќе се најдат на финалниот турнир следната година, за кој домаќинот дополнително ќе биде одреден. Сино-белите таленти отпатуваа со надеж достојно да го претстават клубот и македонската кошарка во целост, со желба за надигрување, но и собирање драгоцено искуство во пресметките со најталентираните на реномираните тимови од регионот.

Најголем дел од нашиот тим го сочинуваат играчи кои настапуваат за МЗТ Скопје УНИ Банка во Првата лига, а екипата ќе биде предводена од Горан Крстевски. Во составот за турнирот во Задар се најдоа: Андреј Андоновски, Никола Арсиќ, Виктор Исајловски, Никола Кацарски, Суад Карталовиќ, Теодор Милевски, Дарио Митевски, Никола Орлов, Виктор Ташоски, Славко Трајковски, Марко Величковски и првотимецот Љубиша Димитровски.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ЧЕТВРТОК (28 ноември)

МЗТ Скопје Аеродром – Морнар (18 часот)

ПЕТОК (29 ноември)

МЗТ Скопје Аеродром – Задар (11.45 часот)

МЗТ Скопје Аеродром – Ц. Звезда (20.15 часот)

САБОТА (30 ноември)

МЗТ Скопје Аеродром – Цедевита Олимпија (11.45 часот)

НЕДЕЛА (1 декември)

МЗТ Скопје Аеродром – Копер Приморска (11.45 часот)

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Следете не и на

Top of Page