К.К. МЗТ Скопје Аеродром

Јуниорите на МЗТ Скопје ќе играат против Ц. Звезда, Цедевита Олимпија, Морнар...

2019 13 Nov

Кошаркарите родени 2001 година и помлади на МЗТ Скопје кон крајот на месецот ќе имаат извонредна можност да се пробаат со најдобрите врсници на просторот на поранешна СФР Југославија и тоа јуниорската АБА-лига.

Нашите јуниори ќе настапат на квалификацискиот турнир во Задар (28 ноември-1 декември) заедно со Црвена звезда, Цедевита Олимпија, Морнар, Копер Приморска и екипата на домаќинот. Најдобрите два тима ќе обезбедат пласман на финалниот турнир кој ќе се одржи следната година, заедно со уште две екипи кои ќе бидат најдобри на собирот во Белград. Таму, силите ќе ги одмерат талентите на Партизан, Мега, Игокеа, Крка, Цибона и на Будуќност.

Ова е голема чест за МЗТ Скопје Аеродром, ако се знае дека ние ќе бидеме единствениот клуб од АБА2-лигата кој доби покана да настапи со своите јуниори во друштвото на најдобрите на Јадранот.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ЧЕТВРТОК (28 ноември)

МЗТ Скопје Аеродром – Морнар (18 часот)

ПЕТОК (29 ноември)

МЗТ Скопје Аеродром – Задар (11.45 часот)

МЗТ Скопје Аеродром – Ц. Звезда (20.15 часот)

САБОТА (30 ноември)

МЗТ Скопје Аеродром – Цедевита Олимпија (11.45 часот)

НЕДЕЛА (1 декември)

МЗТ Скопје Аеродром – Копер Приморска (11.45 часот)

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Следете не и на

Top of Page