„Болница Неуромедика“ ќе се грижи за здравјето на кошаркарите на МЗТ Скопје

2019 19 Окт

Обрската како шампиони да се стремиме кон највисоките цели и во другите области е причината што се трудиме и да соработуваме со најдобрите во сите полиња, за што уште една потврда е вчерашното официјализирање на договорот со „Болница Неуромедика“, на кој потписи ставија нашиот извршен директор Тони Грнчаров и генералниот директор на оваа еминентна здравствена установа, доктор Емил Угриновски.

Со желба што помалку да ги користиме нивните услуги, во претстојната сезона сиот капацитет на нашиот нов деловен партнер ќе им биде на располагање на нашите кошаркари.

„На сите играчи на МЗТ Скопје Аеродром ќе им бидат обезбедени целосни медицинско–специјалистички прегледи пред почетокот на новата сезона, а воедно и целосна медицинска грижа целиот период додека трае истата. Кошаркарите ќе имаат медицинска грижа од врвни лекари специјалисти, физиотерапевти и останат медицински персонал на 'Болница Неуромедика'“, изјави доктор Угриновски.

„Неуромедика“ е првиот приватен медицински бренд во Македонија, кој веќе 27 години работи на полето на современа и напредна здравствена заштита. Низ постојаното вложување и унапредување на работниот процес, „Неуромедика“ придонесува кон подобрување на квалитетот на медицинските услугите кои ги нуди. Како ретко чист македонски бренд, кој константно ги зголемува и подобрува своите работни капацитети, „Неуромедика“ е особено посветена на квалитетот на медицинскиот кадар кој претставува главен извор на доверба во очите на граѓаните. Посебен акцент на работата на Неуромедика е ставен на современата дијагностичка медицинска апаратура и комплетната 24 часовна медицинска услуга со вклучена домашна посета и санитетски транспорт од страна на нашите медицински екипи.

„Вистинската медицинска поддршка, навремената и квалитена физикална терапија, прегледи од врвни специјалисти, најсовремени техники на опоравување и заздравување се сегменти кои секој професионален клуб треба да ги има за да постигнува врвни резултати. Напорните тренинзи, дисциплина, начинот на живот и исхрана ги креира спортистите со врвни резултати, но доколку сето тоа не се поддржи со квалитетна медицинска помош и следење тогаш нема да ги добиваме континуирано посакуваните резултати. Благодарни сме за новата соработка со 'Болница Неуромедика', на генералниот директор доктор Емил Угриновски, но и на професионалните и високо стручни и еминентни доктори кои се дел од Болницата“, изјави Грнчаров.

Официјализацијата на договорот заврши со заедничко фотографирање на првите луѓе на МЗТ Скопје Аеродром и на „Болница Неуромедика“, со желба за остварување на заедничките цели и за пријателство и соработка кои ќе траат и по завршување на сезоната.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page