Print this page

Соработката крената на повисоко ниво: Нашиот втор тим ќе игра под името МЗТ Скопје УНИ Банка!

2019 10 Oct

Повеќегодишната соработка на МЗТ Скопје Аеродром со сигурно најопштествено-одговорната финансиска институција во нашата држава, УНИ Банка, од денеска е крената на уште повисоко ниво откако е договорено нашиот младински состав во дебитантската и воедно историска сезона во Првата лига да игра под името – МЗТ Скопје УНИ Банка.

Компанијата, која е лидер во многу работи на македонскиот финансиски пазар, го прифати предизвикот да биде спонзор и на тимот во кој ќе настапуваат нашите таленти и кој ќе биде првиот младински состав во елитата и тоа просечна старост на кошаркарите од нешто над 18 години. УНИ Банка со ова покажува дека има верба во нашата иднина, поради што прифати нејзиното ценето име да стои веднаш до нашето во името на вториот клуб што го имаме во Првата лига.

Примерот на оваа банка, воедно, би требало да биде мотив и за другите општествено-одговорни фирми да вложуваат уште повеќе во спортот, што особено се однесува за државните компании кои во последно време како да ја избегнуваат моралната обврска да вложат средства онаму каде што и најмногу и би требале – во македонската спортска иднина.

МЗТ Скопје УНИ Банка своето деби ќе го има во дуел на домашен терен против екипата на Работнички и тоа на стартот од домашното првенство кој е предвиден за претстојниот викенд.