Талентите на МЗТ Скопје се на чекор да ни донесат и втор тим во Првата лига!

2019 16 Мај

Најталентираните кошаркари на МЗТ Скопје Аеродром кои настапуваат за нашиот втор тим се на чекор до пласман во финалето од плејофот во Втората лига, а со тоа и многу блиску до обзбедување на нашиот клуб втор тим кој би настапувал во најелитната конкуренција.

Тимот предводен од тренерот Горан Крстевски, а за кој претежно настапуваат кошаркари на возраст до 18 години кои се светлата иднина на сино-белиот колектив, во вчерашниот прв полуфинален дуел на домашен терен убедливо го совлада составот на Ангели со 97-79. Серијата се игра според принципот „дома-гости“, а победник ќе биде екипата со подобар вкупен кош-количник. Реванш-дуелот во населбата Кисела вода треба да се одигра претстојниот викенд, во кој на нашите момчиња би им бил доволен и пораз, но не поголем од 18 поени разлика.

Според актите на МКФ, победникот од финалната серија, во која имаме огромни шанси да се пласираме, ќе избори директен пласман во Првата лига, додека поразениот ќе добие дополнителна шанса преку бараж-серија со Шкупи да дојде до место во елитата.

Во второто полуфинале силите ги одмеруваат Карпош Соколи и Академија ФМП.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page