„Триглав Осигурување“ го засили спонзорскиот тим на МЗТ Скопје Аеродром

2018 28 Ное

Тимот на пријатели на МЗТ Скопје Аеродром стана уште поголем, со оглед што со гордост може да го објавиме потпишувањето на спонзорски договор со компанијата „Триглав Осигурување“ АД Скопје на период од една година, секако со можност за негово продолжување.

Станува збор за компанија која е долгогодишен лидер на пазарот во сферата на осигурувањето, а која како друштво постои на македонскиот пазар повеќе од 45 години. „Триглав Осигурување“ АД Скопје е пазарен лидер со прогнози за раст и углед на стабилна финансиска организација, што е само еден од показателите дека ги применува корпоративните стандарди и вредности на групацијата на која што припаѓа, секако прилагодени на македонскиот пазар и менталитет. Тоа го препознаваат клиентите, а го докажуваат и истражувањата, според кои пазарот го оценува „Триглав Осигурување“ како компанија која нуди највисок квалитет, финансиска сигурност и доверливост. Во рамките на независното истражување на пазарот, македонската јавност го оцени „Триглав“ како осигурителна компанија која нуди апсолутно најдобар квалитет на македонскиот пазар.

Со потпишувањето на договорот, оваа компанија им се придружи на „Аџибадем Систина“, „УНИ Банка“, „Џевахир Холдинг“ и „Атлантик група“ преку нивниот најголем бренд Цедевита, како и на уште неколку други фирми кои несебично го помагаат нашиот клуб со цел да ги оствариме посакуваните резултати, а тоа е освојување на седмата титула, десеттиот трофеј во Купот на Македонија како и највисок пласман во АБА2-лигата.

Соработката со „Триглав Осигурување“, како и со еминентните компании кои веќе ги набројавме, би требало да бидат и мотив плус за останатите општествено-свесни и одговорни компании кај нас да ја препознаат нашата приказна и да станат дел од нашиот тим пријатели, без чија помош не би можеле да се стремиме кон најголемите височини.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page