Нашите репрезентативци меѓу најзаслужните за големата победа на Македонија во Приштина!

2018 14 Сеп

Кошаркарската репрезентација на Македонија со победа на жешкиот терен во Приштина против Косово (76-73) го почна втората претквалификациска рунда за пласман на ЕП 2021, во која меѓу најзаслужните беа и тројцата репрезентативци од МЗТ Скопје Аеродром кои добија шанса од селекторот Јорданчо Давитков.

Нашиот капитен, Дамјан Стојановски, одигра одличен натпревар и со 15 поени (пет тројки) беше втор стрелец во жолто-црвениот тим, а додаде и четири дефанзивни скока. Најдобра партија во репрезентативниот дрес прикажа повратникот во сино-белиот дрес, Љубомир Младеновски, кој се покажа како тајно оружје на Македонија на дуелот во косовската престолнина. Високиот центар мечот го заврши со девет исклучително важни поени на кои додаде пет скока (три во напад) и една фантастична блокада. Дарко Соколов можеби не поентираше премногу (два поени), но одигра универзално и беше фантастичен во одбрамбените задачи. Згора на тоа, оствари три скока и беше најдобар додавач во составот на Македонија со пет асистенции.

Нашиот четврти репрезентативец, Андреј Магдевски, овој пат не доби шанса да покаже што знае. Во комбинација за жолто-црвениот дрес беше и Андреј Маслинко, кој за мечот со Косовците не влезе меѓу 12-те кошаркари за настап, но кој ќе продолжи да се подготовува со репрезентацијата. На списокот на селекторот Давитков беше и Марко Симоновски, кој во последен момент го откажа настапот за националниот тим поради повреда.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page