Испечатете ја страната

Десеткуваниот МЗТ Скопје Аеродром пружи силен отпор во дуелот со Македонија!

2018 08 Сеп

Десеткуваниот состав на МЗТ Скопје Аеродром, во кој недостасуваа дури седуммина првотимци, пружи и тоа како силен отпор во вечерашната пресметка со репрезентацијата на Македонија (82-94), во контролен меч од затворен карактер одигран во салата „Јане Сандански“.

Четворица од отсутните постојано играа за „противникот“ и тоа Дамјан Стојановски, Андреј Магдевски, Љубомир Младеновски и Дарко Соколов, додека Андреј Маслинко одигра по едно полувреме за двете екипи. Во составот предводен од тренерот Ѓорѓи Кочов не беа ниту полесно повредените Марко Симоновски и Иве Иванов.

Првото полувреме мина во доминација на националниот тим (55-34), додека во вторите две четвртини подмладениот сино-бел состав одигра одлично што резултираше со позитива од девет поени (48-39).

Андрија Бојиќ беше убедливо најдобар во нашиот тим со 23 поени и девет скока, Лестер Медфорд реализира 23, а Џејмс Вудард 12 поени. Ранко Мамузиќ и Маслинко постигнаа по девет поени, Лука Стојановски запиша четири, Андреј Настовски, три, Леонид Тодоровски два, а Михајло Митев еден поени.

МЗТ Скопје Аеродром следниот пријателски дуел, во кој повторно ќе биде без репрезентативците, ќе го одигра в среда исто така на домашен терен против тимот на Гостивар. И оваа средба ќе биде од затворен карактер.