Кочов има даде голема шанса на младите во поразот од Левски Лукоил!

2018 01 Сеп

Македонскиот кошаркарски вицешампион МЗТ Скопје Аеродром загуби во денешниот втор контролен меч против бугарски Левски Лукоил (80-91), во кој тренерот Ѓорѓи Кочов им даде голема минутажа на помладите во составот, а кои, без разлика на крајниот резултат, повеќе од солидна ја искористија неговата доверба во нив.

Тоа истовремено значеше поголем од вообичаено одмор за носители на играта, пред сѐ на репрезентативците Дамјан Стојановски, Марко Симоновски, Дарко Соколов и Љубомир Младеновски, кои на паркетот минаа помеѓу 9 и 14 минути додека нешто помалку од осум минути на паркетот мина и хрватскиот интернационалец Иве Иванов. На сметка на ова, сериозна шанса да покажат што знаат добија талентираните Леонид Тодоровски, Ранко Мамузиќ, Михајло Митев, Андреј Настовски и Лука Стојановски, а особено нешто повозрасниот Андреј Маслинко. Тие најмногу беа во игра во второто полувреме, кои сино-белите дури и го добија со 44-37.

Гостите триумфот го осигураа во втората четвртина, во која ептен им тргна шутот од далечина. Во останатите делови од мечот се играше рамноправно, а да беа кошаркарите на МЗТ Скопје малку поконцентрирани во ударите од линијата за слободни фрлања (11/21), крајниот епилог сигурно ќе беше различен.

Американецот Џејмс Вудард беше најефикасен во нашиот тим со 14 поени, Андреј Маслинко реализира 12 поени со девет скока, додека Андрија Бојиќ реализира 10 поени. Младеновски беше стрелец на осум поени, Андреј Магдевски и Соколов постигнаа по седум поени, Лестер Медфорд запиша шест поени, а Мамузиќ добрата игра ја круниса со четири поени.

МЗТ Скопје од понеделник продолжува со подготовките за новата сезона во салата „Јане Сандански“, но без репрезентативците кои поради настапи за националниот тим ќе отсуствуваат од тренизните на нашиот тим сѐ до средината на месецот.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page