Испечатете ја страната

Два од два: МЗТ Скопје Аеродром подобар од шампионот на Бугарија!

2018 31 Авг

Два од два е скорот на МЗТ Скопје Аеродром во подготовкителните натпревари пред новата сезона, откако по неодамнешниот триумф над Гостивар, вечерва, со одлична игра во најголем дел од мечот, со совладавме актуелниот бугарски шампион, Левски Лукоил (97-93).

Сино-белите ја имаа контролата врз играта и резултатот во најголемиот дел од средбата, а неретко позитивата беше изразена и со двоцифрена разлика. Најголемото водство на нашиот тим беше со плус 14 (70-56), што доволно говори за заслуженоста на вечерашниот триумф. Постигнавме дури 16 тројки и имавме скромни, за ваков брз меч, десет загубени топки. Одбраната е нешто што тренерот Ѓорѓи Кочов сигурно ќе работи понапорно во следниот период, со оглед што има уште речиси еден месец до првиот меч во АБА2-лигата против Хелиос дома на 27 септември.

Дури шестмина во нашиот состав имаа двоцифрен поентерски ефект. Лестер Медфорд со 21 поени беше најпрецизен кај МЗТ Скопје Аеродром, Иве Иванов и Андрија Бојиќ реализираа по 15 поени, Џејмс Вудард беше стрелец на 12 поени додека Дамјан Стојановски и Марко Симоновски постигнаа по 11 поени.

Двете екипи ќе одиграат уште еден контролен меч (утре на пладне), кој ќе биде од затворен карактер.