Испечатете ја страната

Кампот на МЗТ Скопје Аеродром во Струга работи со полна пареа!

2018 28 Јун

Актуелниот кошаркарски вицешампион МЗТ Скопје Аеродром летово организира камп во „Еуротел“ во Струга, каде што под будното око на тренерите напорно работат 60 млади талентирани кошаркари на возраст од 12 до 18 години.

Тренинзите почнаа во понеделникот, а ќе завршат в недела за кога се предвидени завршите активности. Најбројни меѓу дечињата се таленти од младинскиот погон на МЗТ Скопје Аеродром, а има и од други клубови како и од странство. Се тренира на реновираните и максимално подготвени терени пред „Еуротел“, кои даваат идеални услови за работа на тренерите и нивните избраниците.

Ниту врнежливото време не го намали ентузијазмот кај посетителите на кампот, кои во перидот кога има дожд своите тренажни обврски ги исполнуваат во салата „Нико Нестор“ во Струга. Не изостанува ниту забава и добро дружење помеѓу младите кошаркари, кои сигурно долго ќе го паметат ова искуство.