МЗТ Скопје Аеродром се засили со Американецот Медфорд!

2018 27 Јун

Доскорешниот кошаркар на литванскиот прволигаш Невезис, Лестер Медфорд (25 години) од денеска е нов член на МЗТ Скопје Аеродром, откако потпиша едногодишен договор со можност да биде продолжен за уште една сезона, секако ако задоволи со својот настап.

Станува збор за брз и продорен плејмејкер, чија задача ќе биде организација на играта на тимот од „Јане Сандански“ во претстојната сезона во која ќе се атакува на трофеите во двете домашни натпреварувања како и на висок пласман во АБА2-лигата. Медфорд во Литванија одигра 26 средби на домашна сцена со просек од 12,8 поени, 2,8 скока и 3,5 асистенции додека беше далеку поефикасен во ФИБА Еврокупот, каде што на шест меча просечно реализираше 16,5 поени, 2,5 скокови и 3,7 асистенции.

Претходно, тој сезоната ја почна во Швајцарија во тимот на Женева лајонс, додека негов прв клуб во Европа беше унгарски Фалко Шомбатели, каде што настапуваше во сезоната 2016/17. Во НЦАА-лигата во САД прво две сезони настапуваше за Индијан хилс (2012-2014), а потоа ист период играше за далеку попознатиот во кошаркарските кругови, Бејлор беарс (2014-2016).

Медфорд е второто засилување за МЗТ Скопје Аеродром во текот на летниот преоден рок, по повратникот Љубомир Младеновски, а е четврти потврден кошаркар во ростерот на тренерот Ѓорѓи Кочов, заедно со Дарко Соколов и Андреј Маслинко.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page