Соколов и Маслинко и следната сезона во дресот на МЗТ Скопје Аеродром

2018 26 Јун

По потврдата на тренерот Ѓорѓи Кочов и враќањето на центарот Љубомир Младеновски во тимот по една година мината во Словенија, МЗТ Скопје Аеродром продолжи со официјалното пополнување на ростерот за следната сезона и тоа со македонските репрезентативци, Андреј Маслинко и Дарко Соколов.

Сино-белите ја искористија клаузулата од договорот за да го задржат талентираното крило и за следната сезона, во која се очекува тој да прикаже уште подобри партии и да се етаблира во еден од носителите на играта на клубот од Аеродром. Маслинко минатата сезона настапи на 22 средби во домашното првенство со просек од седум поени и 4,9 скока додека во АБА-лигата одигра 14 натпревари.

Соколов уште при доаѓањето во таборот на вицешампионот во декември минатата година, потпиша договор на една ипол години поради што неговото останување во дресот на „металците“ воопшто и не беше ставено под знак прашалник. Ветеранот се очекува со своето искуство да даде дури и поголем придонес во следната сезона, откако во неодамна завршеното првенство на Македонија имаше просек од 7,5 поени и 2,3 скока на 25 меча во сино-белиот дрес. Во АБА-лигата, пак, настапи на седум средби со просечна реализација на 6,1 поен и 2,3 асистенции.

Со потезите направени неделава, управата на МЗТ Скопје Аеродром само ја потврди интенцијата за давање шанса на домашниот кадар, а во тој правец се и преговорите кои во моментов се одвиваат со нашите досегашни кошаркари, Дамјан Стојановски и Марко Симоновски. Секако, како и во претходните години, интересни за составот од „Јане Сандански“ се и сите други квалитетни македонски играчи, кои се наоѓаат на пазарот.

Сето ова е со цел да се направи борбен тим, кој ќе игра со срце и кој ќе може да одговори на највисоките барања, а тоа се атак на домашните трофеи како и на врвот од табелата во АБА2-лигата.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page