Љубомир Младеновски се врати во МЗТ Скопје Аеродром!

2018 25 Јун

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром откако го потврди останувањето на Ѓорѓи Кочов на клупата, денеска го и доби првото засилување во повратникот во сино-белиот дрес, Љубомир Младеновски (23 год., 207 см.).

Високиот центар се враќа во средината во која претходно мина четири години со исто толку освоени титули и каде што, слободно може да се каже, ги направи првите чекори во професионалната кариера. Младеновски минатото лето изрази желба да замине во странство, по што мина една сезона во дресот на словенечка Илирија, каде што играше повеќе од солидно со просек од 9,3 поени и 6,5 скокови. Тој сега потпиша двегодишен договор со МЗТ Скопје Аеродром, побогат со интернационално искуство од првенството на Словенија.

Новото засилување на аеродромци во моментов финишира со опоравувањето од потешката повреда на раката, поради која ја пропушти завршницата од сезоната на Илирија, а тоа е и причината што не е дел од репрезентација на Македонија во јунскиот циклус од претквалификациите. Рехабилитацијата минува подобро од очекувањата и сигурно е дека Младеновски ќе биде максимално подготовен за првиот собир на тренерот Кочов во месец август.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page