Print this page

Немавме среќа: Последните секунди скапо нѐ чинеа на мечот со Работнички!

2018 23 May

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром не успеаја да изедначат во финалната плејоф-серија со Работнички (75-76), откако вечерва, во „Јане Сандански“, загубија во драматичен меч кој беше решен во последната секунда.

Тоа беше драматичен и неверојатно неизвесен меч во кој екипите често се менуваа во водство. Бојан Трајковски со тројка ни донесе водство 75-74, а потоа со добра одбрана дојдовме ептен блиску до победата. Но, погрешивме и противникот доби нов напад кој го заврши со две прецизни слободни фрлања на Маркус Гинјард по сомнително досуден прекршок врз Американецот.

Трајковски со 20 поени беше најпрецизен кај МЗТ Скопје, Дамјан Стојановски реализира 14 поени додека Андрија Бојиќ и Џордон Крафорд застанаа на 11 поени.

Следниот меч од серијата се игра в петок во „Градски парк“.