Испечатете ја страната

И со одлични три четвртини останавме без „брејк“ во финалето против Работнички

2018 20 Мај

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром не успеаја да направат брејк во првиот меч од плејоф-финалето со Работнички (77-86), по што се најдоа во негатива од 0-1 во серијата што се игра до три победи.

„Металците“ одиграа одлични три четвртини во кои најчесто беа во водство и го диктираа резултатот и играта, но попуштија во финишот што противникот го искористи на најдобар можен начин. Центарци во последните пет-шест минути направија серија 18-7 со која дојдоа до огромни плус осум (85-77) за сто секунди до крајот што им беше доволно за триумф.

Јуре Лалиќ и Дамјан Стојановски со по 18 поени беа најпрецизни кај МЗТ Скопје Аеродром, Алексеј Нешовиќ постигна 12, а Дарко Соколов 11 поени.

Следниот меч од финалната серија се игра в среда во „Јане Сандански“.