МЗТ Скопје нема да го почне финалето ако не се исполнети сите безбедносни услови во „Градски парк“!

2018 20 Мај

Поради загриженост за безбедноста на нашите кошаркари и членови на стручниот штаб по ужасното искуство на претходното гостување кај Работнички во Скопје (тие понекогаш играат и во Гостивар па да не дојде до забуна), кога кон нив беа фрлени стаклени шишиња, би сакале да ја известиме спортската јавност дека МЗТ Скопје Аеродром нема да го почне вечерашниот меч во „Градски парк“ сѐ додека не се увериме дека организаторот ги исполнил сите безбедносни мерки предвидени во неговиот договор со МКФ пред стартот на Суперлигата.

Нема да дозволиме нашиот тим да биде во улога на глинени гулаби подготвени за отстрел во сала која одамна е зрела за пензија и каде што сите клубови прифатија да ја доиграат сезоната само ако центарци ги отстранат опасносните пред кои се изложени гостинските екипи. Кошаркарите во сино-бела опрема нема да истрчаат на паркетот ако во „Градски парк “ нема доволен број професионали редари, ако ложата над нашата клупа не биде празна и ако навивачите на домашниот тим не бидат сконцентрирани на страната од нивната трибина која е спротивна со нашата клупа. Во било кој момент од средбата ќе го напуштиме паркетот ако за секој инцидент од типот на фрлање предмети и плукање кон нас или судиите, трибините не бидат испразнети или мечот прекинат со понатамошна дефинитивна суспензија на салата.

Сето ова не е наш хир или самоволие, туку станува збор само за дел од обврските кои центарци ги преземаа за да може да играат во „Градски парк“, поради што мора целосно да ги исполнат. Истовремено од челниците на МКФ бараме да го информираат делегатот на вечерашната средба за сите овие детали кои домаќинот мора да ги исполни, а од него очекуваме чесно и спортски да ги провери истите и да не дозволи потфрлање на топката додека сѐ додека актерите на паркетот не бидат максимално безбедни. Минатиот пат стаклените шишиња нѐ промашија, но не сакаме одново да си ја проверуваме среќата со овој таканаречен „центарски рулет“.

Нашите барања доаѓаат од принципиелност и желба да бидеме заштитени, а не како своевиден реванш по одлуката на противникот да забрани присуство на нашите навивачи на финалните натпревари на кои ќе биде домаќин. Нашиот одговор на ова неџентлменско однесување на вечниот ривал е одбивањето да ги подигнеме 25-те билети, кои според актите ни следуваат за средбите во „Градски парк“. Ударот по нашите навивачите е удар по клубот и ние максимално се солидаризираме со нив.

А, на нашите колеги од Работнички е да подразмислат за чекорите кои ги прават и да се обидат да сфатат дека со вакви потези прават штета на целата македонската кошарка, а дека ние и нашите навивачи сме само колатерална штета на нивната деструктивност. Но, тоа е нешто што треба да им служи на честа, која очигледно ја немаат.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page