Работнички беше и остана гробар на македонската кошарка!

2018 18 Мај

Со неверување ја примивме одлуката на Работнички за забрана за организирано присуство на навивачи на МЗТ Скопје на финалните средби кои ќе се играат во „Градски парк“. Но, ќе излажеме дека сме премногу изненадени, бидејќи бевме сигурни дека нешто ќе излезе од дебарската кујна на марифетлуци во пресрет на клучните дуели за титулата, знаејќи на што сѐ бевме сведоци изминатиов период - како расипаниот семафор и играњето во Гостивар.

Со оваа одлука, господа од Центар, уште еднаш покажавте дека сте биле и дека сѐ уште сте гробари на македонската кошарка. Во вашата ДНК е да сплеткарите и да измислувате проблеми каде што ги нема и тоа секогаш кога ќе почуствувате немоќ односно кога знаете дека тешко може да дојдете до посакуваната цел само со прикажаното на паркетот. За жал, сега ви пречат нашите навивачи, нивната љубов кон сино-белата боја и решителност секаде и секогаш да стојат позади своите миленици и тоа во бројка каква што вие во моментов може само да сонувате.

Ги споменувате проблемите на претходните средби и казните кои сте ги добиле, но се лажете ако мислите дека за тоа се виновни нашите навивачи. Виновни сте вие самите и вашата немоќ да организирате безбеден натпревар, но и скржавоста да ангажирате доволен број професионални редари. Па сега, поради вашата неспособност и ограниченост, цехот го плаќаат тие на кои единствен грев им е што навиваат за МЗТ Скопје.

Барем имајте доблест и признајте зошто носите ваква одлука, јавно кажете од што се плашите. Ние знаеме дека тоа е фактот што МЗТ Скопје во „Градски парк“ би имал далеку посилен ветер в грб отколку што вие би го имале кога ние би биле домаќини. Тоа најдобро се гледа на последните суперлигашки средби, кога на нашите навивачи и 500 билети им беа (пре)малку за средбите на кои бевте организатори, а вашите се собраа точно 97 во ситуација кога слободно можеа да купат колку сакаат влезници за во „Јане Сандански“.

Се надеваме дека ви е јасно дека со вашите несериозни и неспортски одлуки го уништувате финалето и тоа уште непочнато. Фрлате црна дамка врз тоа што треба да биде празник на кошарката и спектакл кој долго треба(ше) да се памети. Истовремено, заборавате дека да не беше нашата помош ќе испадневте во понизок ранг кога го напуштивте теренот пред неколку години.

Единствена позитивна работа од целава ситуација е фактот што го покажавте вистинското лице пред јавноста уште пред почетокот на битката за најзначајниот домашен трофеј. И по кој знае кој пат докажавте дека најдобро се снаоѓате во матно и дека групно сте бегале од часовите на кои се учи за фер и коректно однесување и за џентлеменството во елитниот спорт.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page