Стојановски: Работнички е силен противник, но наша цел е да ја одбраниме титулата!

Стојановски: Работнички е силен противник, но наша цел е да ја одбраниме титулата!

2018 16 Мај

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со синоќешниот трет триумф во полуфиналната серија со Блокотехна изборија пласман во големото финале, во кое силите ќе ги одмерат со најголемиот ривал, Работнички.

Капитенот на нашата екипа, Дамјан Стојановски, е задоволен од играта на дуелот во Гевгелија потенцирајќи дека елиминиравме незгоден противник кој и тоа како ни создаваше проблеми уште од почетокот на сезоната. Карактерот и квалитетот заедно со скокот и одбраната се покажаа како клучен фактор за решавачкиот триумф.

Бекот на „металците“ истовремено со нетрпение го очекува претстојниот дуел со центарци за победничкиот пехар.

„Секогаш е одлично чувство да се обезбеди пласман во големото финале. Добро се познаваме со Работнички, сезонава и едните и другите имаат победи во меѓусебните пресметки, поради што шансите за освојување на трофејот се можеби и изедначени. Но, наша цел е како шампиони да сториме сѐ за да ја одбраните титулата. Агресивноста и одбраната се работите во кои мора да бидеме перфектни ако сакаме да се радуваме на крајот“, вели Стојановски.

Точниот почеток на финалната серија сѐ уште не е познат, но најверојатно тоа ќе се случи в понеделник (21 мај) по што средбите би се играле на секој втор или трет ден.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page