К.К. МЗТ Скопје Аеродром

Ја освоивме Гевгелија за 3-1 против Блокотехна и ново финале со Работнички!

2018 15 May

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром по 13-ти пат ќе играат во големото плејоф-финале во кое ќе ја бркаат седмата титула по ред, откако вечерва, по голема борба, како гости ја совладаа Блокотехна (74-72) за вкупни 3-1 во полуфиналната серија.

Скок-играта и големиот број освоени топки во нападот беа клучните фактори за нашиот триумф во Гевгелија. Избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов има десет скока повеќе од противникот (45-35), а дури 16 од нив беа во фаза на нападот што ни овозможија многу важни поени од втор или трет обид. Во ова предничеше Андрија Бојиќ, кој средбата ја заврши со 22 поени и 11 скока од кои седум беа офанзивни.

Серијата 20-5 на стартот од второто полувреме ни донесе највисоки плус осум (52-44) предност која умешно ја зачувавме до крајот на натпреварот. Домаќинот до крај даваше сѐ од себе за да направи пресврт, па дури и имаа шут за победа, но Данило Мијатовиќ не го погоди кошот. Покрај Бојиќ, двоцифрен ефект имаа уште и Јуре Лалиќ со 12 и Дамјан Стојановски со 10 поени.

Наш противник во битката за титулата ќе биде тимот на Работнички, а првиот меч ќе се одигра во „Градски парк“ во термин кој дополнително ќе биде одреден.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Следете не и на

Top of Page