Испечатете ја страната

Кочов пред Блокотехна: Во Гевгелија одиме по пласман во големото финале!

2018 15 Мај

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром се решени да сторат сѐ и да го потрошат и последниот атом енергија за да дојдат до победа на вечерашното гостување кај Блокотехна (18.30 часот) во четвртиот меч од полуфиналето од плејофот.

Сино-белите водат со 2-1 во серијата што се игра до три победи, што значи дека евентуалниот денешен „брејк“ автоматски ќе значи и пласман во големото финале каде што Работнички веќе го чека својот противник. Во досегашните полуфинални пресметки секоја од екипите триумфира на домашен терен, но тоа нема да биде пречка „металците“ да пробаат први да пробаат да излезат од вообиачената шема и со агресивна одбрана да дојдат до посакуваната цел.

„Пристапот го реши победникот на завчерашниот дуел во Скопје и верувам дека ако во мечот влеземе со иста решително и желба за успех дека ќе може да дојдаме до толку посакуваниот 'брејк'. Се надевам дека ќе одговориме на предизвикот и дека ќе ја повториме истата игра која би била гаранција за успех. Во Гевгелија одиме по пласман во финалето и верувам дека ќе успееме во тоа“, вели тренерот Ѓорѓи Кочов.

Во составот на МЗТ Скопје Аеродром повторно нема да биде повредениот Марко Симоновски додека сите останати му се на располагање на стручниот штаб. Натпреварот се игра во салата во Негорци со директен пренос на собранискиот сервис на МТВ. Судии ќе бидат Игор Митровски, Александар Павлов и Иван Мијалковски, додека делегат е Среќко Хорват.