Испечатете ја страната

МЗТ Скопје Аеродром без „брејк“ се враќа од Гевгелија!

2018 11 Мај

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром останаа без големиот исчекор на патот кон финалето од плејофот, откако не успеаја да направат „брејк“ на вечерашното гостување кај Блокотехна (94-106).

Резултатот во полуфиналната серија сега 1-1, а се игра до три победи. Домашните ја контролираа играта и резултатот во трите четвртини од мечот во кои обезбедија предност од 18 поени (76-58). Тогаш сино-белите заиграа многу подобри и предводени од Дарко Соколов, кој постигна 13 поени во овој дел од играта, дојдоа до достижна негатива (75-83), но, сепак, не го направија клучниот потег кон целосен пресврт.

Кошот на Двејн Бенџамин со успешно изведено дополнително фрлања на две минути до крајот го зголеми водството на гевгеличани односно на плус 14 (98-84) што беше крај на сите надежи дека нашите момци ќе може да дојдат до триумф.

Соколов со 16 поени беше најефикасен, Марко Симоновски реализира 14, Дамјан Стојановски 13, Јуре Лалиќ и Радосав Спасојевиќ по 12, а Андрија Бојиќ 11 поени.

Следниот меч се игра задутре (недела) во „Јане Сандански“ со почеток во 18 часот.