МЗТ Скопје Аеродром со канонада тројки до 1-0 во полуфиналето со Блокотехна!

2018 08 Мај

Фантастичниот шут за тројка, особено на Марко Симоновски, ни ја донесе победата во вечерашната пресметка со Блокотехна (80-74), по што МЗТ Скопје Аеродром поведе со 1-0 во полуфиналната плејоф-серија која се игра до три победи.

Сино-белите реализираа 17 удари за три победи, од кои девет беа на Симоновски, кој само четири пати промаши зад линијата 6,75 метри. Тоа беше возбудлив и неизвесен натпревар во кој екипите повеќе пати се менуваа во водство, но на крајот до израз дојде поголемиот квалитет и побројната ротација на нашиот тим, за заслужен триумф на патот кон 13. финале.

Симоновски средбата ја заврши со 27 поени, Бојан Трајковски дополни 17 поени со седум скока додека Андрија Бојиќ и Стефан Синовец постигнаа по 11 поени. Следниот дуел од серијата се игра в петок во Гевгелија.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page