Против Работнички ќе играме в четврток, билетите се веќе во продажба!

2018 01 Мај

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром последното вечно дерби во регуларниот дел од сезоната против Работнички ќе го одиграат в четврток (17.45 часот) во салата „Јане Сандански“, во кое ќе се обидат да ја потврдат добрата форма, која во последно време е во нагорна линија.

Средбата можеби ќе се одигра релативно рано за работен ден што сигурно може да се одрази врз посетеноста на оваа пресметка против најголемиот спортски ривал, но тоа е поради желбата средбата да биде телевизиски пренесувана. Тоа беше единствен термин во кој Македонската телевизија (МТВ) можеше да врши директен пренос од овој меч, нешто што управата на клубот веднаш го прифати не гледајќи го тесниот клупски интерес туку првенствено интересот на целата македонска спортска јавност.

Билетите за вечното дерби се веќе во продажба и тоа по цена од 100 денари, а можат да се купат на билетарницата пред СЦ „Јане Сандански“ како и онлајн преку интернет-страницата http://ticketplus.mk/.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page