Против Блокотехна в четврток во малата сала во „Јане Сандански“

2018 23 Апр

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром следниот натпревар од Суперлигата ќе го одиграат в четврток (17.45 часот) против Блокотехна и тоа како домаќини во малата сала во спортскиот центар „Јане Сандански“.

Станува збор за исклучително важен меч за сино-белата чета против директниот конкурент за пласман на второто место на табелата. Избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов во оваа пресметка освен што ќе бркаат триумф, ќе се обидат тој да биде остварен со најмалку осум поени разлика. Ако успеат во тоа, нашиот тим ќе има подобра кош-разлика во меѓусебните дуели со гевгеличани, што би било пресудно за подобар пласман во ситуација ако на крајот имаме ист број бодови со Блокотехна.

Билетите за овој дуел се веќе пуштени во продажба по цена од 50 денари, а може да се купат на билетарата пред СЦ „Јане Сандански“ како и онлајн преку интернет-страницата http://ticketplus.mk/.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page