Тројките на противникот кобни за МЗТ Скопје во Куманово!

2018 22 Апр

Фантастичниот шут за три поени на противникот, особено во последната четвртина, е главната причина за поразот на МЗТ Скопје Аеродром на вечерашното гостување кај Куманово (95-101) во последниот меч од 6. коло од Суперлигата.

Кумановци постигнаа 16 тројки од кои шест во последната четвртина, а дури пет во низа во последните пет минути од средбата што беше фактор кој сино-белите не можеа да го надминат и покрај големата желба за победа. Аеродромци во финишот дојдоа и до минус еден (95-96), а имаа и шут за продолжение, но Стефан Синовец за жал не успеа да ја круниса добрата игра со тројка за дополнителни пет минути. Следуваше пенал-завршница во кој кумановци не дозволија изненадување.

Синовец со 23 поени и девет скока беше најефикасен кај МЗТ Скопје Аеродром, Јуре Лалиќ постигна 16, Бојан Трајковски 14, а Џордон Крафорд, Марко Симоновски и Андрија Бојиќ по 11 поени.

Следен меч за сино-белата чета е дербитов среда во малата сала во „Јане Сандански“ против Блокотехна, што ќе биде директен дуел за второто место на табелата пред плејофот.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page