Трајковски и Лалиќ лесно ја решија енигмата наречена АВ Охрид!

Трајковски и Лалиќ лесно ја решија енигмата наречена АВ Охрид!

2018 18 Апр

Фантастичната игра во третата четвртина (28-15), на кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром им ја донесе победата на вечерашното гостување кај АВ Охрид (89-80) во меч од 5. коло од Суперлигата.

Квалитетот и искуството дојде до израз веднаш по одморот помеѓу двете полувремиња, кога сино-белите брзо дојдоа до двоцифрена предност, која потоа умешно ја одржуваа до самиот крај. Домаќинот пружи солиден отпор, особено во првите две четвртини, во кои тренерот Ѓорѓи Кочов ја бараше петорката од најрасположените играчи вечерва.

Аеродромци максимално доминираа во играта под кошевите, што најдобро се гледа по учинокот на Бојан Трајковски и на Јуре Лалиќ кои со 24 поени и девет скока односно 20 поени и осум скока беа најдобри во составот на МЗТ Скопје Аеродром. Стефан Синовец средбата ја заврши со 15 поени, осум скока и пет асистенции додека Дарко Соколов застана на девет поени.

Нашите момци следниот меч најверојатно ќе го играат в недела и тоа како гости против Куманово.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page