Шампионот вечерва на гости кај АВ Охрид!

Шампионот вечерва на гости кај АВ Охрид!

2018 18 Апр

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе го одиграат мечот од 5. коло од Суперлигата и тоа на гостински терен кај АВ Охрид (18 часот), со желба за враќање на победничките патеку по неуспехот во завчерашниот меч со Работнички во Гостивар.

Триумфот на овој меч е и императив за момчињата во сино-белата опрема во обидот да се обезбеди втората стартна позиција на табелата пред плејофот. Проблемите со повредите и понатаму му создаваат сериозна главоболка на тренерот Ѓорѓи Кочов, со оглед на веќе отсутните Дамјан Стојановски, Алексеј Нешовиќ и Андреј Маслинко на болки во скочниот зглоб односно листот на ногата по вечното дерби се пожалија и Бојан Трајковски односно Јуре Лалиќ. Лекарскиот тим прави огромни напори во нивното оспособување, а кој од повредените ќе се настапи вечерва во салата „Билјанини извори“ во Охрид ќе биде познато пред самиот почеток на мечот.

„Од поразот од Работнички извлековме поуки, односно воочивме грешки кои се надевам дека нема да ги повториме во иднина. За мене е најважно ниту еден од кошаркарите да не заборави дека ги брани боите на МЗТ Скопје, што претпоставува дека треба да го даде максимумот во секој момент додека е на паркетот. Верувам дека ќе играме сѐ подобро и подобри и дека ќе бидеме вистинските кога за тоа ќе биде најпотребно. Одиме чекор по чекор, а дуелот со АВ Охрид е прв на патот кон целите кои ги имаме зацртано“, вели тренерот Ѓорѓи Кочов.

Судии на овој натпревар ќе бидат Алија Феревски, Иван Мијалковски и Раде Јанков. Делегат ќе биде Димитар Терзовски. Домаќинот обезбеди интернет-пренос од овој натпревар.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page