МЗТ Скопје Аеродром не успеа да слави во вечното дерби во Гостивар!

2018 16 Апр

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром не успеаја да излезат како победници во вечерашната пресметка против Работнички (74-92) во Гостивар во вечно дерби кое требаше да се одигра синоќа, но беше одложено поради неисправен семафор во „Градски парк“ во склоп на 4. коло од Суперлигата.

Сино-белите беа во водство во поголемиот дел од мечот, но снемаа сили во финишот поради скусената ротација поради неиграњето на повредените Дамјан Стојановски, Алексеј Нешовиќ и Андреј Маслинко. Противникот тоа го искористи на најдобар начин и со 28-5 во последните шест минути направи резултатски пресврт и на крајот дојде до двата бода.

Марко Симоновски со 24 поени (осум тројки) беше најефикасен во нашиот тим, Андрија Бојиќ постигна 14 поени додека Бојан Трајковски средбата ја заврши со 11 поени и девет скока.

Следниот меч за избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов е веќе задутре и тоа на гостински терен против АВ Охрид.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page