Одложеното дерби ја потврдува тезата дека „Градски парк“ е зрел за пензија!

Одложеното дерби ја потврдува тезата дека „Градски парк“ е зрел за пензија!

2018 15 Апр

Одложувањето на вечерашниот дерби натпревар помеѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродром е само кулминација на рашомонијадата на која бевме сведоци во изминативе денови, а чиј епицентар, за жал, беше во управата на нашиот голем спортски ривал и пријател од „Градски парк“.

Циркусот почна со неочекуваното менување на денот на играње и тоа во термин кој се косеше со можностите на Македонската телевизија (МТВ) да врши директен пренос, што, пак, разжалости илјадници вљубеници во кошарката кои воопшто и не се клупски обоени. Денеска уште од раните утрински часови цела спортска јавност беше држена во неизвесност дали ќе се игра, без управата на Работнички да најде сходно да потврди дека навистина има проблем со семафорот. „Шлагот на тортата“ дојде вечерва, кога и официјално беше потврдена шпекулацијата дека нема да се игра и тоа во моменти кога ионака малиот број среќници со влезен билет веќе се беа упатени кон центарот на Скопје.

Сето ова само го потврдува она народното дека секогаш кога ќе сакате да направите некое „иле“, кармата веднаш ви враќа на лош начин. Но, уште повеќе, проблемот со семафарот е само уште еден од многуте докази дека салата во „Градски парк“ е зрела за пензија. Со радост во срцето се потсетуваме на сите пеколни меѓусебни пресметки во овој култен објект за македонската кошарка, но сметаме дека е дојдено крајно време тој да му отстапи место на нешто поново и посовремено. На објект во кој кошаркарите и тренерите ќе се чуствуваат безбедно и на трибините ќе се најдат сите оние што ќе го посакаат тоа, а не само привилигираните.
Свесни сме дека е тешко тоа да се направи преку ноќ, но решение за проблемот наречен „Градски парк“ мора да се наоѓа, макар тоа било и постепено. На нашите големи спортски ривали најпријателски им советуваме во иднина барем средбите од визок ризик да ги играат во објект кој го задоволува барем минималните стандарди за модерна кошарка, кои нивниот сегашен дом ниту од далеку не ги исполнува.

Тоа би било во интерес и на нивниот клуб, на нашиот меѓусебен ривалитет, но и на македонската кошарка во целост. МЗТ Скопје и Работнички се 'рбетниот столб на макбаскетот и тие треба да бидат лидери во сѐ, па дури и кога тоа значи носење тешки одлуки кои на куси стази делуваат дека се против сопствениот интерес.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page