Вечното дерби против Работнички ќе го одиграме в недела во „Градски парк“

2018 13 Апр

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром првото суперлигашко вечно дерби против Работнички ќе го одиграме в недела со почеток во 19 часот, во салата „Градски парк“, еден ден подоцна од претходно најавениот термин во календарот објавен пред почетокот на овој сегмент од домашното првенство.

Избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов се во низа од три победи во Суперлигата и сакаат победничката серија да продолжи и на гостувањето кај најголемиот ривал, кој во средата првпат загуби и тоа во пресметката со Куманово. Кошаркарите напорно работат и покрај малите проблеми со термините за тренинзи поради зафатеноста на салата „Јане Сандански“ со завршниот турнир од ракометната СЕХА-лига. Мотивираноста е на завидно ниво исто како и желбата да се совлада составот од Центар, особено што ова ќе биде тренерско деби на Кочов во едно вечно дерби.

За очекување е во тимот да се вратат повредените Андреј Маслинко и Алексеј Нешовиќ, додека единствена непознаница засега е капитенот Дамјан Стојановски, за чиј настап против Работнички ќе се решава непосредно пред почетокот на натпреварот. Засега не е најавен телевизиски пренос, а постои можност дуелот во „Градски парк“ да биде емотиван преку интернет стриминг.

Судиите на средбата ќе бидат Александар Милојевиќ, Игор Митровски и Алија Феревски, а делегат е Зоран Николовски.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page