Тројките и доминацијата во скокот ни донесоа лесна победа над Гостивар

2018 11 Апр

Лесно и убедливо, без никакви проблеми, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го совладаа Гостивар (95-74) во вечерашниот меч од 3. коло од Суперлигата и му се реваншираа за поразот во претходната меѓусебна пресметка.

Шампионот доминираше во текот на целиот меч, а клучната предност ја обезбеди во третиот период кој го доби со двоцифрена разлика (32-20). Шутот од далечина беше нашето најсилно оружје, со оглед што постигнавме 13 тројки со нешто под 50-отстотна прецизност. Избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов ја погодуваа секоја втора „двојка“, а беа максимално надмоќни и во играта под кошевите со 13 скокови повеќе (43-30).

Џордон Крафорд со 24 поени беше најпрецизен кај МЗТ Скопје Аеродром, а одлично одигра и последното засилување за шампионот, Андрија Бојиќ, кој средбата ја заврши со дабл-дабл ефект од 16 поени и 11 скокови. Марко Симоновски беше стрелец на 18 поени додека Дарко Соколов и Бојан Трајковски реализираа 12 односно 11 поени.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page