Црвените столчиња во „Јане Сандански“ дефинитивно заминаа во историјата!

2018 11 Апр

Почнувајќи од вечерашниот дуел со Гостивар (18 часот) во склоп на 3. коло од Суперлигата, црвените столчиња во салата „Јане Сандански“ дефинитивно заминуваат во историјата, кога станува збор за натпреварите на МЗТ Скопје Аеродром во оваа сала.

Денеска финишира поставувањето прекривки врз седиштата, кои во минатото беа камен на сопнување во односите со навивачката група Фемили. Првата фаза на оваа „операција“ почна во јануари, а кулминацијата ќе се случи вечерва во малата сала, каде што на пресметката со гостиварци за првпат ќе нема ниту едно црвено столче на трибините.

Истото ќе биде и на секоја идна средба на сино-белите без разлика дали ќе играме во малата или во големата сала во спортскиот комплекс во населбата Аеродром. Воедно, ова е и мотив повеќе и за играчите и за навивачите во пресрет на вечното дерби против Работнички, закажано за в сабота во „Градски парк“

Истовремено, ова е и уште една потврда на решеноста на управата на клубот да ги исправи односите со најверните навивачи, кои се исклучително важна за раководството со цел кошаркарите да ја добијат сета неопходна помош во обидот да се оствари посакуваната цел, а тоа е освојување на шампионската титула.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page