Испечатете ја страната

Мини-распустот заврши, утре против Гостивар во малата сала во „Јане Сандански“!

2018 10 Апр

По еднонеделна пауза во првенството поради големиот христијански празник Велигден, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром утре ги продолжуваат со натпреварите од Суперлигата и тоа против Гостивар (18 часот), на домашен терен во малата сала во спортскиот центар „Јане Сандански“.

Тоа ќе биде меч од 3. коло во кој сино-белите влегуваат како голем фаворит иако тренерот Ѓорѓи Кочов нема да може да смета на капитенот Дамјан Стојановски, кој доби удар во коленото на претходниот дуел со Блокотехна. Пресметката со гостиварци воедно ќе биде и генерална проба за нашиот тим во пресрет на вечното дерби против Работнички, најверојатно в сабота во „Градски парк“. Средбата ќе ја пропуштат и Андреј Маслинко и Алексеј Нешовиќ, кои се очекува по овој дуел да му се стават на располагање на стручниот штаб.

МЗТ Скопје Аеродром во досегашниот дел од Суперлигата има две победи во исто толку меча и тоа против Куманово и Блокотехна, со која сега е на делба на втората позиција на табелата.

Билетите за утрешниот меч веќе се во продажба по цена од 50 денари и може да се купат на билетарницата пред салата „Јане Сандански“ или онлајн преку интернет-страницата http://ticketplus.mk/.