Кочов: Никој однапред не смее да го отпишува МЗТ Скопје Аеродром!

2018 05 Апр

Новиот тренер на МЗТ Скопје Аеродром, Ѓорѓи Кочов, со победа го почна својот мандат на клупата на актуелниот шампион и тоа на синоќешното гостување на жешкиот терен кај Блокотехна.

Младиот стратег е задоволен од начинот на кој одиграа неговите избраници и верува дека ако во секој меч се одигра на ваков начин дека резултатите нема да изостанат.

„Бевме максимално ангажирани и во нападот и во одбраната, што на крајот ни ја донесе победата. Кошаркарите пристапија како вистински професионалци, дадоа сѐ од себе и ги исполнија сите тактички замисли. Блокотехна се покажа како квалитетен ривал, поради што триумфот е уште посладок. Верувам дека ќе продолжиме во ист стил за да им покажеме на сите оние кои предвреме го отпишаа МЗТ Скопје Аеродром. Наше е да одиме чекор по чекор и да се надеваме на најдоброто“, изјави Кочов.

Мала дамка на победата беше повредата на Дамјан Стојановски на стартот од третиот шериод. Првиот впечаток е дека не станува збор за ништо посериозно, но на нашиот капитен во текот на денешниот ден ќе му бидат извршени детални лекарски прегледи за да се елиминираат сите можни сомнежи околу тежината на проблемот.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page