Без Нешовиќ, но со Бојиќ и Трајковски на гости кај Блокотехна

2018 04 Апр

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе му гостуваат на тимот на Блокотехна (18.30 часот), нашиот директен конкурент за второто место на табелата, во меч во кој ќе настапиме без повредениот Алексеј Нешовиќ.

Српскиот плејмејкер на вчерашниот тренинг го повреди коленото и сигурно нема да игра во Гевгелија. По деталните лекарски прегледи ќе се знае колку е сериозна неговата повреда и колку ќе трае неговата пауза. Во составот се очекува да дебитира неговиот сонародник Андрија Бојиќ, а по повеќе од еден месец на теренот се очекува да се најде и репрезентативецот Бојан Трајковски.

МЗТ Скопје Аеродром на овој меч првпат ќе биде предводен од Ѓорѓи Кочов, кој до сега работеше како помошник на Жељко Лукајиќ, кој вчера, од приватни причини, си замина од нашиот клуб. Ова ќе биде четврти натпревар против Блокотехна сезонава, во кои ќе се обидеме да го изедначиме меѓусебниот скор, откако ги загубивме двете средби во Првата лига, а славевме во досега најзначајниот во полуфиналето од Купот на Македонија.

Судии на натпреварот се Александар Милојевиќ, Алија Феревски и Александар Давитков. Предвиден е телевизиски пренос на собранискиот сервис на Македонската телевизија (МТВ).

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page