Србинот Лукајиќ си замина, Кочов е нов тренер на МЗТ Скопје Аеродром!

2018 03 Апр

Искусниот стратег Жељко Лукајиќ повеќе не е тренер на екипата на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска, поради приватни причини, реши да си замине по што беше направен спогодбен раскин на договорот.

Наследник на Србинот ќе биде неговиот досегашен прв помошник, Ѓорѓи Кочов (33 години), кој ја доби довербата од управата на клубот и тоа не само за до крајот на сегашното првенство туку и за следната сезона. Станува збор за поранешен селектор на македонската јуниорска репрезентација, кој кон крајот на минатата година дојде од таборот на Вардар. Зад себе веќе има прволигашко искуство и тоа на клупата на црвено-црните во сезоната 2016/17. Неговото огнено крштевање како прв стратег на МЗТ Скопје Аеродром ќе се случи веќе утре и тоа на жешкото гостување кај Блокотехна (18.30 часот) во Гевгелија.

Лукајиќ во таборот на аеродромци дојде лани во декември, како наследник на Александар Тодоров, по поразот од Работнички на домашен терен. Оттогаш, искусниот српски стратег оствари скор 11-3 во домашното првенство, додека во АБА-лигата имаше учинок од 11 порази и една победа. Ќе остане запишано дека последен пат четата од Аеродром ја водел во дуел со Куманово, пред три дена на домашен терен, во кој неговиот тим дојде до триумф откако се врати по негатива од 14 поени. Србинот во ризницата трофеи го додаде и пехарот во Купот на Македонија освоен во феверуари на завршниот турнир во Кавадарци.

Управата на МЗТ Скопје Аеродром му се заблагодарува на сѐ што направи во изминативе месеци и му посакува успех во понатамошната кариера.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page