Синовец се врати во МЗТ Скопје Аеродром, а си замина Мајсторовиќ!

2018 19 Мар

Српскиот интернационалец Стефан Синовец од денеска е нов член на МЗТ Скопје Аеродром, што претставува негов четврто доаѓање во нашиот клуб, откако претходно настапуваше во сезоните 2013/14, 2014/15 и 2016/17. Тој најавува дека ќе стори сѐ да дојде до четвртата шампионска титула со нашиот клуб, откако славеше во 2014, 2015 и 2017 година.

Неговиот договор е до крајот на сезоната, а тој доаѓа од таборот на Мега Бекамс, каде што во АБА-лигата имаше просек од 9,4 поени, 4,5 скока и 3,1 асистенции. Синовец се очекува да пристигне во Скопје утре рано наутро за да ги заврши сите формалности околу договорот и да може да дебитира на задутрешната пресметка со Кожув во салата „Јане Сандански“.

Екипата, пак, ја напушта неговиот сонародник Ѓорѓе Мајсторовиќ и тоа со спогодбен раскин на договорот. Тој дојде на почетокот на ноември и одигра 14 средби во регионалното натпревараување со просек од 4,8 поени и 2,7 скока.

(За)вчерашниот дуел против Работнички беше последен за него во составот на МЗТ Скопје Аеродром. Управата му се заблагодарува на тоа што го даде за клубот и му посакува сѐ најдобро во кариерата.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page