МЗТ Скопје Аеродром рутинирано до бодовите во дуелот со Фени

2018 13 Мар

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром дојдоа до 13. победа сезонава во Првата лига, откако вечерва, во малата сала во „Јане Сандански“, го совладаа тимот на Фени индустри (82-75) во заостанатиот меч од 18. рунда.

Сино-белите одлично го почнаа натпреварот и по само пет минути дојдоа до двоцифрена позитива (16-6), но потоа наидоа на силен отпор на гостите од Кавадарци, кои не им дозволија премногу да се одлепат, а на моменти дури и го презедоа водството. Поголемиот квалитет на четата на тренерот Жељко Лукајиќ дојде до израз во втората половина од последната четвртина, кога со серија 13-2 дојдоа до плус 13 (79-66) и го осигураа двата бода.

Дамјан Стојановски со 18 поени беше најпрецизен кја МЗТ Скопје, Јуре Лалиќ имаше дабл-дабл ефект со 17 поени и 10 скока, Радосав Спасојевиќ реализира 14, а Џордон Крафорд 13 поени.

Ова воедно беше и генерална проба за сино-белите од Аеродром за вечното дерби против Работнички, закажано за в сабота во „Градски парк“.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page