Утре на мегдан против Фени Индустри во малата сала во „Јане Сандански“

2018 12 Мар

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ќе немаат премногу време за одмор по напорното патување во Бар, со оглед што веќе утре ги чека заостанатиот дуел од 18. коло од Првата лига на домашен терен против Фени индустри (18 часот).

Оваа средба, која ќе се одигра во малата сала во спортскиот центар „Јане Сандански“, всушност го означува почетокот на последниот дел од сезоната за нашиот клуб во кој единствена обврска ќе ни биде домашното првенство. Тренерот Жељко Лукајиќ се враќа на клупата по отсуството поради семејни обврски од вчерашниот дуел кај Морнар, а на оваа средба нема да може да смета на повредениот Бојан Трајковски, а можеби и на Дарко Соколов. Искусниот бек почуствувал болка во зглобот на последниот меч сезонава во АБА-лигата, поради што денеска ќе замине на детален лекарски преглед по што ќе се знае дали и колку ќе игра во пресметката со кавадарчани.

Дуелот со Фени воедно ќе биде и генерална проба за сино-белиот состав пред вечното дерби со Работнички, кое ќе се одигра в сабота во салата „Градски парк“. Евентуален триумф ќе значи и враќање на МЗТ Скопје на третата позиција на табелата на која сега е Куманово, но со еден натпревар повеќе.

Билетите за дуелот со составот од Кавадарци се веќе по продажба по цена од 50 денари и може да се купат на билетарницата пред салата „Јане Сандански“ или онлајн преку интернет-страницата http://ticketplus.mk/.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page