Со Крафорд и Нешовиќ, но без Мавра вечерва на гости кај Блокотехна!

2018 05 Фев

Актуелниот македонски кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе ѝ гостува на Блокотехна (18.30 часот) во последниот меч од 15. коло од Првата лига во кој ќе настапи со променет состав, пред сѐ на плејмејкерската позиција.

На пресметката во Гевгелија, тренерот Жељко Лукајиќ ќе може да смета на двајца нови кошаркар - Џордон Крафорд и Алексеј Нешовиќ. Американецот веќе извесно време тренира со новите клупски колеги во очекување на сертификатот од НБА Џи-лигата, кој пристигна навреме за да може да дебитира со Блокотехна исто како и поранешниот репрезентативец на БиХ.

Во сино-белиот дрес, пак, во иднина ќе го нема хрватскиот репрезентативец Доминик Мавра, кој доби раскин на договорот со МЗТ Скопје Аеродром, откако неговиот нов клуб, литвански Лиеткабелис, ја плати бараната оштета. Тој е вториот кошаркар за кого клубот од „Јане Сандански“ доби солидна сума пари за да му издаде исписница, по Американецот Ксавиер Темс на почетокот од сезоната.

На средбата во Гевгелија во тимот ќе биде и Дарко Соколов, кој полека, но сигурно влегува во ритам по подолгата пауза поради повреда на коленото, што и тоа како е добра вест за тренерот Лукајиќ. Надвор од стројот сѐ уште е само Марко Симоновски, кој се очекува наскоро да се врати во тренажниот процес.

Кошаркарите на МЗТ Скопје во средбата со Блокотехна влегуваат со желба за реванш за поразот на домашен терен во првиот дел од оваа фаза од домашниот шампионат, со што би ја презеле втората позиција на табелата во пресрет на возбудувањата од Суперлигата во која ќе се најдат шесте најдобри екипи.

„Против себе имаме тим кој игра одлично сезонава и кој никако не смее да се потцени. Ќе дадеме сѐ од себе за да направиме ри-брејк и да му се реваншираме на противникот за поразот во Скопје, а со тоа и да фатиме приклучок со врвот од прволигашката табела“, вели тренерот Лукајиќ.

Судии на натпреварот се Игор и Зоран Митровски и Алија Феревски, а предвиден е телевизиски пренос на собранискиот канал на Македонската телевизија (МТВ).

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page