Сино-белите лесно и убедливо ја средија Струмица

2018 26 Јан

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром без никакви проблеми ја совладаа Струмица (96-54) во денешниот меч од 14. коло од Првата лига во кој дојдовме до 11-тата победа.

Избраниците на тренерот Жељко Лукајиќ доминираа од првиот до последниот момент, без воопшто да му дадат шанса на противникот. Минутажа и тоа солидна одново добива помладите во тимот, покажувајќи дека можат да придонесат во играта на шесткратниот шампион.Сино-белите на овој го погодуваа буквално секој втор шут упатен кон противничкиот кош заедно со 11 тројки, додека остварија и повеќе од двојно повеќе скокови во однос на ривалот (51-24).

Бојан Трајковски уште еднаш беше најпрецизен во тимот на МЗТ Скопје задржувајќи го односот од еден поен на секоја минута, завршувајќи ја средбата со 17 поени за исто толку минути на теренот. Радослав Спасојевиќ постигна 15 поени, Игор Пенов 12, а Ѓорѓе Мајсторовиќ 11 поени. Од помладите, Андреј Маслинко реализира девет, Леонид Тодоровски Андреј Настовски три, а Дамјан Миса овој пат не успеа да се запише во листата на стрелците.

Следниот меч за МЗТ Скопје Аеродром е во вторник и тоа на гости кај Мега Бемакс во склоп на АБА-лигата.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page