Нема време за одмор: МЗТ Скопје Аеродром денеска на мегдан со Струмица!

Нема време за одмор: МЗТ Скопје Аеродром денеска на мегдан со Струмица!

2018 26 Јан

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром попладнево ќе го отворат 14. коло од Првата лига и тоа на домашен терен против Струмица (17 часот), во меч кој ќе се одигра во малата сала „Јане Сандански“ за кој влезот ќе биде – бесплатен.

Ова ќе биде трет натпревар за сино-белите во само пет дена, со оглед што претходно игравме против Црвена звезда (понеделник) и Шкупи (среда). Но, земајќи ја в предвид огромната фаворитска улога на нашиот тим во пресметката со струмичани, за очекување е и овој пат поголема шанса да добијат помладите во тимот. Тоа пред сѐ се однесува на Андреј Настовски, Леонид Тодоровски и Дамјан Миса, кој завчера го одигра првиот меч за сениорскиот тим на МЗТ Скопје. Секако, тука е и Андреј Маслинко, кој сѐ повеќе со својата игра му се наметнува на стручниот штаб и тоа не само за мечевите од домашниот шампионат туку и за тие во АБА-лигата.

Денешниот дуел сигурно ќе го пропуштат Дарко Соколов и Марко Симоновски, а можно е тренерот Лукајиќ да одмори уште некој од првотимците пред исклучително важниот меч во вторник на гости кај Мега Бемакс од регионалното натпреварување.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page