Американецот Крафорд е нов член на МЗТ Скопје Аеродром

Американецот Крафорд е нов член на МЗТ Скопје Аеродром

2018 25 Јан

Американецот Џордон Крафорд (27 год., 168 см.) е нов кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром, откако беа завршени последните формалности околу потписот на договорот кој е со важност до крајот на сезоната.

Станува збор за засилување на плејмејкерската позиција, односно пополнување на празнината која остана во ростерот по заминувањето на Никола Павличевиќ. Крафорд доаѓа на инсистирање на тренерот Жељко Лукајиќ, кој изминатиов период напорно бараше соодветно решение за овој клучен дел од тимот. Желбата на првиот стратег на „металците“, кој од не така големиот избор на пазарот се реши токму за него, беше главната причина управата на клубот да му даде шанса на Крафорд и да го ангажира за периодот кој следува.

Американецот доаѓа од НБА Џи-лигата (поранешна НБДЛ), каде што настапуваше за екипата на Мемфис хасл и тоа со двоцифрен поентерски учинок во повеќе од половина од одиграните мечеви. Претходно, има играно за Вестчестер никс, а универзитетскиот дел од кариерата го мина настапувајќи за Боулинг грин колеџот. За новиот член на МЗТ Скопје ова е втора европска авантура, откако во сезоната 2014/15 настапуваше во лигата на непризнаениот турски Северен Кипар за екипата на Мапфри лајф и тоа со просек од 26,8 поени, 6,3 асистенции и 4,2 скока.

Крафорд нема право да игра на средбите во АБА-лигата со што што веќе е завршен рокот за регистрирање нови играчи во регионалното натпреварување, но ќе биде и тоа каква помош за сино-белите во обидот да го вратат трофејот од Купот на Македонија и по седми пат по ред да дојдат до шампионскиот пехар.

Сложената процедура за добивање сертификат од НБА Џи-лигата е веќе во тек и ако сѐ биде како што треба новиот плејмејкер за десетина дена ќе може да дебитира во дресот на МЗТ Скопје.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page