Со млади сили до лесна победа над Шкупи!

Со млади сили до лесна победа над Шкупи!

2018 24 Јан

Лесно и убедливо, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром попладнево го совладаа тимот на Шкупи (99-62), во заостанатиот меч од 13. коло од Првата лига.

Ова беше десетта победа за „металците“ на домашна сцена, за потврда на третата позиција на табелата, зад Работнички и Блокотехна. Оваа средба ќе остане запаметена и по дебито на талентираниот Дамјан Миса, кој денеска ги одигра првите минути во сениорскиот состав на нашиот тим, заедно со врсникот Андреј Настовски и нешто постариот Леонид Тодоровски.

Најефикасен во нашиот тим на оваа средба беше Бојан Трајковски со 17 поени, Настовски флертуваше дури и со трипл-дабл со 16 поени, седум скока и девет асистенции, Андреј Маслинко постигна девет поени со осум скока, Миса првиот меч го заврши со седум поени додека Тодоровски постигна еден помалку.

Следниот меч за МЗТ Скопје е веќе задутре, исто така на домашен терен против Струмица во склоп на 14. коло од Првата лига. Во вторник, пак, ќе ѝ гостуваме на Мега Бемакс во меч од 18. рунда од АБА-лигата.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page