Вечерва против Карпош Соколи ќе „гостуваме“ на домашен терен

2018 17 Јан

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром денеска ќе го одиграат заостанатиот натпревар од 12. коло од Првата лига и тоа против Карпош Соколи (18 часот), како „гости“ на домашен терен.

Поради финансиската криза на противникот, средбата ќе се одигра во салата „Јане Сандански“ и треба да биде само рутинско одработување на задачата против младинскиот состав на „соколите“. Тренерот Жељко Лукајиќ се очекува да им даде голема шанса на помладите во тимот, а со тоа и да одмори дел од носителите на играта по напорниот меч и значајната победа над Цибона минатата недела.

Со оглед на моменталната разлика во квалитет, вечерашниот меч ќе биде и своевидно загревање за дерби-пресметката која е пред нас против актуелниот шампион во регионалното натпреварување, Црвена звезда, закажан за в понеделник исто така во спортскиот центар „Јане Сандански“.

Влезот за вечерашниот дуел со Карпош Соколи е – БЕСПЛАТЕН.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page