Испечатете ја страната

Трајковски и Симоновски за убедлива победа над Пелистер

2018 10 Јан

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром дојдоа до осмата победа на домашна сцена, откако вечерва, во салата „Јане Сандански“, лесно и убедливо го совладаа тимот на Пелистер (84-54) во заостанатиот меч од 11. коло од Првата лига.

Со овој триумф, „металците“ се искачија на третата позиција на табелата со учинок 8-3, зад Работнички и Блокотехна. Одличниот шут и постигнатите 13 тројки го донесоа убедливиот триумф, а за истакнување е и атрактивниот цепелин во копродукција на Игор Пенов и Јордан Минчев.

Бојан Трајковски со 23 поени и четири од четири за тројка беше најдобар кај составот од Аеродром, а двоцифрен поентерски ефект имаше и Марко Симоновски со 18 поени (4/9 за тројка). Ѓорѓе Мајсторовиќ и Доминик Мавра постигнаа по осум поени.

Следниот наш меч е в недела, кога ѝ гостуваме на Цибона во рамки на АБА-лигата.