Сино-белите рутински го совладаа АВ Охрид за седма победа во Првата лига

2017 25 Дек

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја запишаа седмата победа во Првата лига сезонава и тоа на домашен терен против АВ Охрид (77-62) во заостанатиот меч од 10. коло од домашната елита..

Иако настапивме без повредените Марко Симоновски и Дарко Соколов како и без Никола Павличевиќ со кого беше прекинат договорот, сосема рутински и без никакви проблеми го скршивме отпорот на незгодниот противник, кој дојде мотивиран и решен за надигрување.

Дамјан Стојановски со 19 поени, осум скока и четири асистенции беше најдобар во таборот на шампионот, Бојан Трајковски постигна 13, а Јордан Минчев 11 поени. Американецот Рос Кенет со 25 поени беше најпрецизен кај АВ Охрид. За одбележување е настапот на младите Андреј Настовски и Леонид Тодоровски, кои добија шанса да покажат што знаат.

Со овој триумф, МЗТ Скопје се изедначи со Куманово и Гостивар на делба на третата позиција на табелата, зад неприкосновениот засега Работнички (11-0) и второпласираната Блокотехна (9-2).

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page