МЗТ Скопје Аеродром денеска ќе го одигра заостанатиот меч со АВ Охрид!

2017 25 Дек

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром денеска ќе го одиграат последниот меч од Првата лига во 2017 година и тоа на домашен терен против екипата на АВ Охрид (18 часот).

Станува збор за заостанат дуел од 10. коло од елитната конкуренција во кој нашиот тим ја брка седмата победа. Тренерот Жељко Лукајиќ и на овој меч нема да може да смета на повредените Марко Симоновски и Дарко Соколов, што отвора место во тимот да се најдат и двајца од младинскиот погон на тимот – Андреј Настевски и Леонид Тодоровски. За двајцата ова ќе биде деби во првиот состав сезонава, каде што имаа по неколку настапи во минатиот шампионат.

Мечот од 11. коло против Пелистер, кој требаше да го одиграме неделава, е одложен за следната година во термин кој дополнително ќе биде одреден. В петок, пак, сино-белите за последен пат годинава ќе се појават на паркетот и тоа како гости против хрватски Задар.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page